Џафери-Ѓека: Во подготовката на уставните измени треба да се вклучат сите политички сили

Макфакс

30/03/2023

18:32

1.219

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска го прими министерот на Црна Гора за човекови и малцински права, Фатмир Ѓека. На средбата присуствуваше и Арбана Пашоли, претседателка на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Соговорниците констатираа дека добрите меѓусебни односи можат да се подигнат на повисоко ниво и да се прошират со динамизирањето на контактите на билатерален, регионален и мултилатерален план.

Процесот на интеграција во Европската унија беше оценет како одлична шанса за размена на мислења и искуства за подобрување на можностите на двете земји на патот кон ЕУ.

Претседателот Џафери го запозна високиот гостин со процесот на подготовка на уставните измени во кои треба да се вклучат сите политички сили, за да наесен се исполни условот за натамошно продолжување на преговорите.

Гостите беа информирани и за надлежностите, структурата и работата на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Министерот Ѓека, од своја страна, зборуваше за состојбата во Црна Гора во врска со човековите права, за односите со соседите и земјите од регионот, како и за актуелните претседателски избори таму.



Спонзорирани линкови

Маркетинг