Ќерката на познатиот пејач Харис Џиновиќ сè повеќе привлекува внимание со своите модни избори кои пред се се луксузни.
Овојпат, во центарот на вниманието се најде поради изборот на нејзините обетки.
Имено, обетките на престижната француска куќа ги искомбинирала со класичниот црн фустан, а носела и брендирана чанта.
Џина од накит носела обетки, се работи за 18-каратно злато, а цената на ова парче накит во форма на црвена детелина варира во зависност од тоа дали е чисто злато или дијамант.
Цената на овие обетки достигнува 11.000 евра, но постои можност да се купат и од колекционери, што би чинело нешто помалку.
На својот ТикТок профил, Џина секојдневно објавува видеа на кои открива детали од приватниот живот и се забележува дека ужива во луксузен животен стил.
Харис Џиновиќ и неговата сопруга Мелина со години живеат во хармоничен брак со двете деца. Претходно нагласуваа дека на нивните деца им е забранет пристапот на социјалните мрежи, но работите многу се промениле, со оглед дека Џина е многу активна на Инстаграм и ТикТок повеќе од една година.
Покрај 18-годишната Џина, семејството Џиновиќ го има и синот Кан.