Во Индија родени четири гепарди, вид кој во таа земја е истребен пред 70 години

Точка

30/03/2023

14:35

2.384

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 70 години откако е прогласено дека гепардите се официјално истребени во Индија, таа држава сега е дом на четири новородени гепарди, изјавил министерот за развој на животната средината Бупендер Јадав.

Гепардите се потомци на две од осум рехабилитирани гепарди донесени минатиот септември од Намибија во индискиот Национален парк Куно во централната држава Мадија Прадеш, во склоп на планот во Индија да има 50 вакви големи мачки во наредните пет години.

Јадав на Твитер навел дека раѓањето на гепардите е важен настан во зачувувањето на дивиот живот на Индија.

Се огласил и премиерот Нарендра Моди кој раѓањето го нарекол „прекрасни вести“.

Објавата за раѓањето на гепардите дошла неколку дена откако еден од намибиските гепарди, Саша, угинал од болест на бубрезите.

Минатиот септември во Индија од Намибија биле донесени три мажјаци и пет женки гепард, вклучувајќи ја и Саша.

Овие диви мачки денес може да се најдат во јужна и источна Африка – во Намибија, Боцвана, Кенија и Танзанија, покажуваат податоците на Светскиот фонд за природа.

Според „WWF“, сега во дивината останале помалку од 7.000 гепарди