Ватикан за состојбата на папата Франциско: Останува во болница уште неколку дена

Макфакс

30/03/2023

13:47

1.109

Големина на фонт

а а а

Папата Франциско (86) помина „добра“ ноќ во болница откако беше хоспитализиран поради респираторна инфекција, изјави денеска претставник на Ватикан.

Повеќе информации за здравствената состојба на Папата се очекуваат во текот на денот, а се претпоставува дека тој ќе остане на преглед уште два до три дена.

Папата Франциско во средата беше примен во болница во Рим откако претходните денови имаше потешкотии со дишењето.

„Папата, на кој му беше отстранет дел од белите дробови кога беше млад, сега нема корона вирус, но ќе остане во болница неколку дена на лекување“, додаде Ватикан, пренесе АП.

Се очекува папата да зборува во недела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг