Приведени криумчари од кавадаречко, пронајдени пет мигранти од Конго

Макфакс

30/03/2023

13:44

1.079

Големина на фонт

а а а

Денеска околу 02.10 часот на Регионалниот пат 1102, кај клучка Градско, полициски службеници од Полициска канцеларија Градско дале знак за запирање на две возила „бмв“ со кавадаречки регистерски ознаки, но тие не ја испочитувале наредбата и продолжиле со движење на возилата.

Набргу, по преземени мерки од страна на полициските службеници, биле лишени од слобода С.Ѓ.(23) од Кавадарци и Р.С.(22) од село Бојанчиште, кавадаречко, кои ги управувале возилата, а нешто подоцна, околу 03.10 часот при проверка на теренот биле пронајдени 5 мигранти од Конго.

Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг