Поротата за случајот Трамп ќе одлучува веднаш по празниците: Се обидел да ја скрие аферата со пари пред претседателските избори

Точка

30/03/2023

14:11

1.617

Големина на фонт

а а а

Доколку биде обвинет, Трамп, кој негира дека имал афера, ќе стане првиот американски претседател кој ќе се соочи со кривична пријава пред суд.

Големата порота во Њујорк која ја истражува наводната улога на поранешниот претседател Доналд Трамп во тајната исплата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс, најверојатно нема повторно да се состане за ова прашање до празникот Велигден на 9 април, изјави денеска полициски извор.

Големата порота сослуша докази од канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен за можни неправилности во врска со исплатата од 130.000 долари на Сторми Даниелс пред претседателските избори во 2016 година, објави Ројтерс.


Тие пари, наводно, и биле исплатени во замена за молчење за сексуалната средба што Даниелс ја имала со Трамп една деценија порано.

Доколку биде обвинет, Трамп, кој негира дека се случила аферата, ќе стане првиот американски претседател кој ќе се соочи со кривична пријава пред суд.


Полициски извор, кој сакаше да остане анонимен, рече дека не е јасно кога големата порота повторно ќе ги слушне доказите за случајот Трамп, додава Ројтерс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг