(Видео) Нејмар изгубил еден милион на покер за 60 минути: Бразилецот плачел, врескал, па на крајот го направил ова

Точка

30/03/2023

14:00

7.209

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот фудбалер Нејмар, освен на теренот, несреќа го прати и во коцката.

Со оглед на тоа дека поради операцијата не е на терен веќе некое време, Бразилецот ѝ се препуштил на својата втора страст – покерот.

И покрај тоа што редовно игра во казина и онлајн игри на неговата платформа Twitch, последната покер сесија на Нејмар не поминала најдобро.

Според бразилскиот „Globo Esporte“, изгубил милион за само еден час, поради што лажно плачел и врескал додека во позадина свирела музиката од филмот „Титаник“.

Еден од неговите соиграчи искоментирал дека за 60 минути отишол „од милион до нула“, а Нејмар шеговито му одговорил дека ќе го објави на Јутјуб.

Ова не е првпат фудбалерот да биде забележан покрај покер маса. Тој дури се натпреваруваше на European Poker Tour, каде другите играчи верувале дека може да помине како професионалец.

И покрај неговата страст за покер, на Нејмар не му се непознати контроверзиите, па неговиот Твитер профил бил хакиран истата вечер кога претрпел огромна загуба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг