Урош Пашајлиќ (38), којшто беше уапсен во вторникот по пет дена бегство поради сомнеж дека ќеркичката (8) со години ја чувал заробена во када во станот во белградската населба Миријево, доведен е на сослушување во Првото основно јавно обвинителство.
Тој бил доведен со придружба и со лисици на рацете.
Како што се наведува, девојчето не излегло од станот со години, туку речиси цело време било во кадата од бањата, а исто така не одело ниту на доктор, како ниту на училиште.
Детето во петокот, кога две полицајки влегле во станот и го пронашле, било во исклучително лоша здравствена состојба.
Таткото монструм, како што пренесува српски „Курир“, уапсен бил завчера во некој стан на Карабурма каде се криел.
Денеска се очекува осомничениот да ја изнесе својата одбрана пред обвинителството, по што ќе се преземат сите неопходни доказни материјали со цел утврдување на сите наведени кривични дела за кои осомничениот е обвинет.
Урош Пашајлиќ се обвинува за кривични дела насилство во семејството, напуштање и злоставување на малолетно лице, како и кршење на семејните обврски.
Обвинителството, по сослушувањето од надлежниот суд ќе побара на осомничениот да му се одреди притвор од 30 дена.