Моќна комбинација која ги зајакнува белите дробови – „продишете“ со нејзина помош

Точка

30/03/2023

10:00

6.507

Големина на фонт

а а а

Ориганото е зачин којшто на храната ѝ дава специфичен вкус, особено доколку уживате во италијанската кујна.

Покрај единствената арома, ориганото се одликува и со бројни лековити својства, а познато е и дека има неверојатно влијание на респираторниот систем.

Самиот Хипокрит ориганото го користел и како антисептик, а присуството на розмаринската киселина и тимолот во ориганото го прави овој зачин да биде придвижувач на имунитетот. Има антибактериско својство, природен диуретик е, го подобрува здравјето на срцето и детоксикацијата на организмот.


Ориганото често се користи за ублажување на кашлицата и респираторните тегоби при астма и бронхитис, но прекрасно е и за превенција и чување на здравјето на белите дробови и респираторниот систем.

Природниот лек со оригано и мед може лесно да го направите, па да го консумирате секое утро – по една лажичка.

Рецепт за природен лек од оригано и мед

Тегла од литар наполнете ја со свежи ливчиња оригано (наполнете ¼ од теглата доколку користите сушено оригано), а друга половина наполнете ја со мед. Добро помешајте да се соединат состојките.

Затворете ја теглата и оставете да отстои 30 дена покрај прозорец, односно на светло место со многу сончеви зраци. По 15 дена свртете ја теглата наопаку за повторно да се соединат состојките.


Чувајте го лекот затворен и консумирајте секое утро по една лажичка.

Запамтете, покрај сите природни лекови и мевлеми, најважно е да не пребарувате на интернет за болести. Секоја промена или здравствен проблем пријавете ја кај својот доктор и консултирајте се со него.




Спонзорирани линкови

Маркетинг