„Ја разбирам фрустрацијата, но не губете време, не треба да се драматизира“, посочи австрискиот претседател за промената на Уставот

Макфакс

29/03/2023

12:28

1.291

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен смета дека внесувањето на Бугарите во Уставот не треба да се драматизира. Прашан дали тој лично ќе ја убедува опозицијата да гласа за уставни промени, кажа: „Не би сакал премногу да се изјаснам во однос на внатрешно-политички прашања во Северна Македонија“.

„Во Парламентот ќе држам говор и ќе ги замолам сите пратенички групи со длабоко размислување да постапат по ова прашање и да размислат, што стои долгорочно. Заштитата на малцинства во Северна Македонија се подразбира, а следниот чекор (уставните измени) не треба да се драматизира, според мене“, кажа претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен.

Тој посочи дека ги разбира реакциите на граѓаните поради новите услови од Бугарија кои влегоа во преговарачката рамка, но посочи дека треба да се искористи моментот и да не се губи време.

„Јас имам огромно разбирање за фрустрацијата која е присутна во однос на преговорите со Унијата. Токму затоа е важно, овој моментум, ова ново забрзување, зајакнатиот интерес на ЕУ, да се искористи и да не се изгуби дополнително време. Се надевам дека овој следен чекор треба да се реализира“, додаде тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг