Судијката што пресудила во корист на Заев избрана во Врховен, неизбран остана судијата што го ослободи Мијалков со укинување пресуда

Макфакс

29/03/2023

12:19

2.399

Големина на фонт

а а а

Судијките Анита Бошковска и Катерина Георгиевска од сега ќе судат граѓански предмети во Врховниот суд. Тие беа избрани од Судскиот совет со 10 гласа „за“ и со само 2 „против“.

Неизбран остана судијата Енвер Беџети од Апелација, познат како еден од петте судии што одлучија „Таргет – Тврдина“ да се суди одново и со тоа го ослободија Сашо Мијалков. Освен Беџети, ниту еден од другите четири кандидати не доби поддршка од членовите на Судскиот совет за да суди кривична област.

Според јавно објавените пресуди, Бошковска до сега судела спорови по жалба, кои се однесуваат на надомест на штета и долгови. Георгиевска судела слични спорови како нејзината колешка, но и предмети за утврдување одговорност за клевета. Таа судела и на предметот во кој тужител бил Зоран Заев, при што ја одбила жалбата на тужениот и ја потврдила пресудата во корист на експремиерот. Судијката Катерина Георгиевска е и сопруга на обвинителот Влатко Георгиевски од Републичкото јавно обвинителство.

Пресудата донесена од сега врховната судијка Катерина Георгиевска

Гледано во гласови, од пет кандидати од кривичната област, четворица добиле двојно повеќе гласови „против“ отколку што имале „за“ за да бидат избрани. Енвер Беџети имаше 4 гласа „за“ и 8 „против“, Димитриевски доби 4 гласа „за“ и 8 „против“, Данка Ристова 6 гласа „за“, 6 „против“, Татјана Дукоска 4 гласа „за“ и 8 „против“ и Енвер Амзаи, исто така 4 гласа „за“ и 8 „против“.