Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал…

Дерби

29/03/2023

10:54

1.054

Големина на фонт

а а а

Шкотска ја победи Шпанија после 39 години и стави крај на постот кој траеше речиси четири децении, откако синоќа направи големо изненадување и го урна тимот на Луис Де Ла Фуенте.

Навивачите на „Хампден парк“ уживаа во магична ноќ која сигурно уште долго ќе се памети, а херој на вечерта беше Скот МекТоминеј кој ги постигна двата погодоци, по еден во секое полувреме.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед максимално профитираше од ужасната игра во одбрана на Шпанците, кои наместо да ја бараат вината кај себе, по крајот на мечот си наоѓаа и изговори.

Родри тешко го поднесе поразот од 2:0 кој значи дека Шпанија го претрпе првиот неуспех во ерата на новиот селектор, па по средбата се пожали од стилот на игра на Шкотланѓаните.

– Начинот на кој играат е вистинско ѓубре. Постојано задржуваат време, топката не е во игра. Ве провоцираат, а потоа веднаш паѓаат. За мене ова не е фудбал….

– Тие дадоа два гола од нивните две полушанси. Се што имаа, претворија во гол. Ние немавме и среќа, погодивме две стативи, имавме чисти шанси и мора да бидеме многу повнимателни против вакви тимови, – изјави нервозниот Родри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг