(Видео) Ковачевски еднаш знае – другпат не знае кој е ставот на Груевски за уставните измени

Макфакс

28/03/2023

14:24

1.986

Големина на фонт

а а а

Премиерот Димитар Ковачевски, кој пред пет дена рече дека Христијан Мицкоски и Никола Груевски немаат исти ставови за уставните измени, денеска, прашан од каде знае каков став има бегалецот и експретседател на ВМРО-ДПМНЕ, тој вели дека не знае.

Ковачевски само посочи дека Груевски е активен на социјалните мрежи, без да каже дали ги чита и неговите објави.

„Таму гледаме дека се води дебата во однос на многу актуелни теми, каде што поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ е прилично активен, особено на социјалните мрежи. И затоа кажав дека првин треба да се усогласат, јас не кажав дека знам каков став има. Но, тие треба првин да се усогласат на ниво на политичка партија, кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени. И повторувам уште еднаш, убеден сум дека во ВМРО-ДПМНЕ има политичари и има луѓе што имаат визија и одлучност да ја поддржат европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ бидејќи тоа е за граѓаните“, изјави Ковачевски.

На прес-конференција во Владата, кога премиерот беше прашан за уставните измени и дали ќе има поддршка од опозицијата, рече дека Мицкоски и Груевски немаат исти ставови.

„Кога зборуваме за опозицијата, таму треба јасно да се постави прашање кој каков став има. Јас сè повеќе гледам дека еден став има актуелниот претседател, а друг има бившиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе треба да се видат и ставовите во однос на финалниот став на таа политичка партија да се усогласат“, рече премиерот Димитар Ковачевски во одговор на прашањето пред пет дена во Владата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг