Како авокадото да ја задржи свежината и до 10 дена: Сè што ви треба е сок од лимон

Точка

28/03/2023

15:00

15.382

Големина на фонт

а а а

Авокадото првиот ден е навидум цврсто, а неколку дена подоцна веќе е презреано.

Express.co.uk“ тестирале кој е најуспешен начин за одржување на свежо авокадо.

Сокот од лимон и затворениот пластичен сад се покажале како најдобро решение.

Првиот ден го пресекле авокадото, а половината без семки ја прелиле со сок од лимон и ја ставиле во затворен сад, а потоа во фрижидер.


Во деновите од вториот до шестиот, авокадото ја задржало свежината и убавата зелена боја.


Седмиот ден внатре сè уште било зелено, но местото каде што било семето, било малку поруменето.

На десеттиот ден, поголемиот дел од внатрешноста била зелена, но таму каде што било семето, почнало да скапува, добило кафеава боја, бидејќи не бил истурен сок од лимон.