Невролозите тврдат: Овој вид на кафе го намалува ризикот од инфаркт и дијабетес

Точка

27/03/2023

12:30

8.879

Големина на фонт

а а а

Важно е да бидете умерени во консумирањето кафе, а познат е и фактот дека пиењето кафе дава енергија, а тоа особено важи за еспресото.

Еспресото добро влијае на вашата долготрајна меморија

Верувале или не, но овој напиток во мали количини може да ја подобри вашата долготрајна меморија.

Невролозите од калифорнискиот Универзитет објавиле истражување во кое заклучиле дека две шолји еспресо влијаат позитивно на вашето помнење. Држете се до препорачаната количина и ќе видите подобрување. Со истражувањето не е утврдено дека еспресото има позитивно влијание на помнењето доколку го пиете повеќе или помалку од две шолји дневно.


Еспресото го зголемува обемот на внимание

Многу од луѓето денот го започнуваат со еспресо и овој факт не е изненадувачки. Докажано е дека кофеинот ги намалува симптомите на умор и го подобрува вниманието и придонесува во будноста, благодарение на неврохемиските врски. Кафето ја зголемува концентрацијата на допамин која е поврзана со вниманието. Но, доколку пиете повеќе од две шолји дневно вашата концентрација се намалува.

Еспресото ви помага да ги изгубите килограмите

Откриено е дека еспресото има малку калории во себе. Тоа содржи околу три калории доколку не додавате шеќер и млеко во него. Исто, доколку вежбате по пиење на шолја еспресо, вежбањето ќе ви биде помалку напорно, велат резултатите од истражувањето. Еспресото ја намалува болката во мускулите.

Го намалува ризикот од срцеви удари

Доколку пиете една или две шолји еспресо дневно, ризикот да добиете срцев удар е помал. Истражувањата потврдиле дека се помали шансите за срцев удар поради антиоксидантите кои се наоѓаат во ова кафе.


Еспресото го намалува ризикот од дијабетес

Во истражување докажано било дека овој напиток го намалува ризикот за добивање дијабетес тип 2 за 11 отсто. Покрај кафето, важно е луѓето кои имаат предиспозиции за добивање дијабетес редовно да бидат физички активни и да се грижат за својата тежина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг