Жената со најубави нозе на светот: Според златниот пресек, згодната актерка е на врвот на листата

Точка

27/03/2023

23:52

10.146

Големина на фонт

а а а

Според науката, идеалната должина на нозете е 1,4 пати поголема од горниот дел од телото.

Актерката Мишел Киган има најсовршени нозе на светот, по т.н. златен пресек, пренесува „The Sun“.

Студијата на психолозите од Универзитетот во Ливерпул и Универзитетскиот колеџ во Лондон открила дека идеалната должина на нозете е 1,4 пати поголема од горниот дел од телото. Мишел Киган може да се пофали со идеалната разлика во должината на нозете и торзото.


На листата жени од светот на шоубизнисот која исто така има совршени нозе според научните критериуми се нашла и Кајли Миног.

Иако е ниска, оваа 53-годишна пејачка има неверојатно долги нозе, дури подолги од совршените пропорции.

На третото место е Викторија Бекам чии нозе како што е случај со Кајли, се малку подолги од идеалната должина во однос на нејзината висина.

На четвртата позиција се најде Рита Ора на која и тоа како ѝ се исплатиле интервенциите да изгледа привлечно. Освен помошта за нега на убавина, Рита вредно и напорно тренира за да изгледа прекрасно.

На листата сопственици на идеални нозе се најде и Никол Кидман (53). Во однос на висината, нејзините нозе не се најдолги - Кајли Миног ја надмина, но затоа никој не може да оспори дека Никол изгледа прекрасно.

Алиша Диксон не е срамежлива кога станува збор за покажување на физичките атрибути, а поради тоа што има речиси совршени нозе не постои ниту причина поради која би го криела тоа. Своевремено таа ја понела и титулата на сопственичка на најубавите нозе во Велика Британија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг