Санкционирани 19 пијани возачи во Штип

Макфакс

26/03/2023

13:28

949

Големина на фонт

а а а

Синоќа (25/26.03.2023) во периодот од 23 до 05 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Штип беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, информираат оттаму.

Притоа, во контролите биле санкционирани 19 возачи што управувале возило под дејство на алкохол.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а СВР Штип апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се обезбеди побезбеден сообраќај.




Спонзорирани линкови

Маркетинг