Западот почнува да гради нова осовина, слична на таа која во 1930-та ја изградија фашистичка Германија, Италија и милитаристичка Јапонија, вели рускиот претседател Владимир Путин во интервју со Павел Зарубин на ТВ каналот „Русија 24“.
Путин го прокоментирал и договорот постигнат на почетокот на годината меѓу Велика Британија и Јапонија за воспоставување на контакти во развојот на односите во воената сфера.
„Затоа западните политичари велат дека Западот почнува да гради нова осовина, слична на онаа која уште во 30-тите години на минатиот век ја создадоа фашистичките режими на Германија и Италија и милитаристичка Јапонија“, рекол Путин.
Русија не создава воен сојуз со Кина
Претседателот Путин рекол дека нема закана за други земји од соработката на Русија и Кина.
Русија не создава воен сојуз со Кина и не и се заканува на ниедна држава, рекол рускиот претседател Владимир Путин.
„Ова е апсолутно неточно. Затоа што ние создаваме никаков воен сојуз со Кина“, рекол тој, коментирајќи ги изјавите дека Москва и Пекинг создаваат осовина, како закана за Западот.
НАТО минатата година договори нов стратешки концепт за блокот, најавувајќи глобална природа на алијанса – „Па што е тоа?, рекол рускиот претседател.
„Минатата година НАТО договор нов стратешки концепт за развој на блокот и таму директно е напишано дека НАТО ќе развива односи со земјите од азиско-пацифичкиот регион. И таму директно се наведени земјите. Таму е Нов Зеланд, Австралија, Јужна Кореја и така натаму. И најавуваат дека ќе направат глобално НАТО. Па што е тоа?“, рекол Путин во интервјуто.