Го обликуваат телото, „кријат“ до 10 килограми, а со потпетици изгледаат моќно: Адријана Лима во фармерки во кои секоја жена изгледа совршено

Точка

24/03/2023

20:17

18.943

Големина на фонт

а а а

Бразилската манекенка Адријана Лима ги извела ќерките и сопругот на прошетка за паметење, а била дотерана беспрекорно.

Циркуската трупа „Cirque du Soleil“ веројатно најпозната ваква група на светот, деновиве гостува во Лос Анџелес со своја претстава во „Corteo“, а веќе првото изведување собра голем број од познатите личности.


Меѓу оние кои дошле да ја изгледаат првата од 39-те претстави била бразилската манекенка Адријана Лима која го однела семејството во заедничка прошетка, што е едно од ретките јавни појавувања откако трет пат стана мајка кон крајот на летото минатата година.

Лима е горда мајка на бебето Цијана кое го има со вереникот Андре Лемерс и девојчињата Валентина и Сиена кои ги доби од бракот со Марко Јариќ, а таа сега се појавила во шик стајлинг којшто може да се носи и во тек на вечерно излегување, но и во дневна варијанта.


Адријана избрала „all black“ дневна комбинација. Манекенката носела долг и одвај забележителен струкиран блејзер, совршен избор доколку сакате суптилно да ја преобликувате фигурата на тело да делува повитко, потоа затворена црна маица и црни фармерки, но не било какви.

Изборот на Лима се панталони „skinny“ модел со длабок струк којшто се поврзува со омилениот модел со причина.


Колку и дизајнерите да најавиле дека широките ногавици ќе преовладуваат, девојките не се откажуваат од „skinny“ фармерките затоа што станува збор за фармерки од крут материјал кој визуелно ја вајаат фигурата по желба и прават да изгледате послабо, а високиот струк ги крие вишокот килограми.

Моделот на фармерки со тесни ногавици одлично се комбинира со високи потпетици, а убавата Бразилка носела „slingback“ чевли, односно оние кои ја откриваат петата и имаат тенки потпетици.


Што се однесува до аксесоарите, Адријана се вратила на модната куќа „Balmain“, па гордо ја покажала кожната, црна чанта украсена со златни детали.

Дали ви се допаѓа оваа модна комбинација на прекрасната Адријана Лима?




Спонзорирани линкови

Маркетинг