Баерн го потврдија Тухел со договор до 2025 година

Макфакс

24/03/2023

19:01

2.850

Големина на фонт

а а а

Германските шампиони Баерн Минхен го потврдија отказот на Јулијан Нагелсман и го потврдија поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Пари Сен-Жермен и Челси, Томас Тухел како негов наследник. Тухел добива двеиполгодишен договор со Баварците.

„Баерн Минхен го отпушти тренерот Јулијан Нагелсман. Претседателот на бордот, Оливер Кан, спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ ја направија одлуката во консултацијата со претседателот Херберт Хајнер. Нагелсман ќе биде заменет од Томас Тухел, кој има договор до 30 јуни 2025 и ќе го оддржи првиот тренинг на тимот во понеделник. Со Нагелсман заминуват и неговите помошници, Дино Топмелер, Бенјамин Глик и Ксавер Цемброд. И покрај освојувањето на германската титула лани, квалитетот на нашиот тим се покажуваше многу ретко. По Светското првенство игравме помалку успешно и атрактивно, а мора да се мисли и на иднината“, се вели во објавата на клубот.

Во последниот меч на Нагелсман, Баерн загуби со 2:1 со Баер Леверкузен, што комбинирано со 6:1 победата на Борусија Дортмунд значеше дека „милионерите“ се на апрвото место на табелата. Веднаш по интернационалната пауза следува „Дер класикер“, дуелот Баерн-Борусија, а потоа им следува и тежок дуел во Лигата на шампионите против Манчестер сити.



Спонзорирани линкови

Маркетинг