Невил со навреди му се обрати на својот поранешен ривал од теренот: Немаше победа против нас цели 25 години

Дерби

24/03/2023

16:38

2.651

Големина на фонт

а а а

Габриел Агбонлахор доста често знае да предизвика иритичарки реакции од добро познати имиња во фудбалот, па откако го навлече гневот кај Јирген Клоп со своите коментари за Ливерпул, сега стана повеќе од јасно дека го разбеснил и Гери Невил.

Поранешниот играч на Астон Вила кој собра и три настапи за Англија во својата селекција доста често знае да го критикува Гери преку радио емисијата „ТокСпорт“, па после долго време, Невил реши да му возврати и тоа го направи навистина дрско.

Легендарниот десен бек на Манчестер Јунајтед смета дека тврдењата на популарниот Габи се неверодостојни, особено поради фактот што неговата Астон Вила имаше многу лоши искуства во пресметките со „ѓаволите“.

– Тој ме споменува секоја недела преку таа радио емисија и луѓето после ме тагнуваат на Твитер. Тоа навистина ме разбеснува и го кажувам максимално искрено.

– Кога го прашуваат кој е играчот против кој сакал најмногу да игра на теренот, тој вели Гери Невил од Манчестер Јунајтед…. Дрско копиле, ти немаше победа над Јунајтед цели 25 години, – возвраќа Невил преку својата емисија „Оверлап“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг