Долгоочекуваното продолжение на „John Wick“ пристигна во кината ширум светот, а фановите останале восхитени од најновото издание на акцискиот филм.
„Lionsgate“ којшто го продуцира филмот, на ТикТок споделил неколку исечоци од снимањето на сцените во кои има борба, а една од нив привлекла особено внимание и добила 81 милиони прегледи.
Во видеото каскадерот во оклоп се фрла низ ескалатор и потоа останува да лежи додека актерите поминуваат покрај него, а на крајот од видеото се гледа како тој станува неповреден.
„Треба да се објави категорија за Оскар за најдобар каскадер“, напишал некој на ТикТок и добил над 63.000 лајкови на коментарот.
„Пофалби за каскадерот, буквално се фрли низ ескалаторот во метален оклоп“, напишал друг, а трет додал: „Овој каскадер заслужува зголемување на платата. Платата треба да му биде 10 милиони долари“.
„Како воопшто се станува каскадер?“, прашал некој корисник, а друг тиктокер поставил прашање : „Имаат ли каскадерите свои каскадери?“.
Да ве потсетиме, новото продолжение на „John Wick“ доби пофални критики, а главниот актер Кијану Ривс изјавил дека ова му бил најтешкиот филм којшто некогаш го снимил и тоа поради една специфична сцена која му била особен предизвик.