„Снајперистот“ Лео во акција: Меси изведе две лудории од слободен удар во победата на Аргентина

Дерби

24/03/2023

12:29

2.806

Големина на фонт

а а а

Аргентина го одигра првиот натпревар по крајот на Светското првенство и на сензационален начин ја прослави својата трета ѕвездичка на грбот, бидејќи рано утрово се беше во знакот на „гаучосите“ и новите светски прваци кои имаа неверојатна поддршка на стадионот „Монументал“.

Без оглед на исходот на мечот против Панама, во Буенос Аирес владееше спектакуларна атмосфера и момците на Скалони беа пречекани како национални херои, а откако на теренот се мириуваше речиси 80 минути, на сцена стапи Лионел Меси.

Капитенот на Аргентина успеа да стигне до јубилејниот 800-ти гол во својата кариера, но пред да го направи тоа, ги направи работите доста лесни за Аргентина да поведе преку Алмада.

Ѕвездата на ПСЖ изведе две лудории од слободен удар, со тоа што при првата ја погоди гредата и му овозможи на Алмада од втора да ја затресе мрежата, а потоа беше уште подобар и ја погоди целта во 89-та минута за конечни 2:0.

Лео со години наназад се истакна како најдобар изведувач на слободни удари во светот, па таквиот статус го потврди и рано утрово во празнично расположениот Буенос Аирес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг