(Видео) Зебра побегнала од зоолошка градина и со часови лутала на улиците на Сеул

Точка

24/03/2023

08:56

4.916

Големина на фонт

а а а

Зебра, која побегнала од зоолошка градина во Сеул, со часови лутала на улиците на јужнокорејскиот град, по што била фатена и вратена во својот дом.

Зебрата со име Серо, што на корејски значи „вертикално“, побегнала во четвртокот попладне, а полицијата, пожарникарите и вработените во зоолошката градина во заедничка акција успеале да ја фатат.

Снимките објавени на интернет покажуваат како зебрата проаѓа покрај возила на прометните улици, а исто така барала и храна во кантите за отпад.

Станува збор за млада зебра родена во 2021 година, која побегнала откако ја уништила дрвената ограда. Кога била фатена, Серо била успиена, а потоа и транспортирана со камион до зоолошката градина. По тоа ѝ бил извршен ветеринарен преглед и било утврдено дека е во стабилна состојба.

Во зоолошката градина во Сеул живеат повеќе од 400 животни и 38 животински видови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг