Лансирана првата 3Д ракета, не стигнала далеку

Точка

23/03/2023

11:57

10.589

Големина на фонт

а а а

„Terran 1“ е дизајниран за носење до 1.250 килограми во ниската орбита на Земјата.

Првата испечатена 3Д ракета на сетот полетала во четвртокот рано наутро од Кејп Канаверал на Флорида.

„Terran 1“ без екипаж полетал во 4:25 часот по две откажувања поради проблеми со температурата на погонското гориво и проблем со притисокот на горивото.

„Terran 1“ – двостепенска, 33,5 метри висока и 2,3 метри широка ракета е „најголемиот испечатен 3Д предмет кој постои и кој се обидел да лета во орбитата“, според „Relativity Space“, калифорниски приватен вселенски стартап кој ја создал.

Испечатени се повеќе од 85 проценти од масата на ракетата, вклучувајќи ги моторите, а „Relativity Space“ планира тој однос да го зголеми на 95 проценти.

Во првиот лет ракетата требало да пристигне во орбитата по осум минути.

Ако успеало, калифорнискиот стартап би бил првата вселенска компанија во приватна сопственост на која тоа ќе и успеало во своето прво лансирање.

Меѓутоа, аномалијата на околу пет минути по полетувањето значела дека ракетата не дошла до орбитата.

„Terran 1“ ја достигнала точката „Max-Q“ – точка во лансирањето на која ракетата доживува најголем динамички притисок.

Денешното лансирање ја потврди нашата печатена 3Д ракетна технологија која ќе го овозможи на нашето следно летало, „Terran R“, рекла компанијата по лансирањето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг