Актерот го покажал половиот орган во новата серија, гледачите изненадени: „Зошто никој не нè предупреди?“

Точка

22/03/2023

12:03

19.041

Големина на фонт

а а а

Гледачите на „Amazon Prime“ останале шокирани од голата сцена од пилот епизодата на серијата „Swarm“ во која актерот Рори Калкин е снимен потполно гол и се гледа неговиот полов орган.

Станува збор за хорор трилер кој ја следи приказната на Дре, обожавателка на поп-ѕвезда која ја глуми Доминик Фишбек, која тргнува во лудачки убиствен поход. Ликот на Калкин се појавува како љубовник на Дре и многумина велат дека најмногу ги изненадило тоа што во една од првите сцени е целосно гол.

Ликот на Калкин во еден момент подготвува појадок, а во друг носи стаклена чинија со јагоди преку која јасно се гледа неговиот пенис. Сè уште не е познато дали за сцената е користен вештачки пенис или Рори направил многу храбар потег, но гледачите биле навистина изненадени.


„Зошто не нè предупредија?“

„Зошто Рори Калкин го залепил својот пенис на чинија со овошје?“, „Никогаш повеќе нема да гледам јагоди со исти очи благодарение на Калкин“, „Зошто никој не нè предупреди на оваа сцена?“, „Доаѓам на Твитер и имам што да видам. Само пенисот на Рори Калкин“, се дел од коментарите на Твитер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг