Во пресрет на Рамазан, во многу домови се подготвува алва - пробајте го овој едноставен рецепт

Точка

20/03/2023

21:00

15.852

Големина на фонт

а а а

Муслиманите во нашата земја традиционално подготвуваат алва во пресрет на Рамазан. Со оглед дека се наближува месецот Мубарак, ви го пренесуваме рецептот за овој десерт.

Во османлискиот период овој десерт го правеле и продавале алваџиите во нивните алваџински продавници.

Алва е слатко јадење направено од брашно, масти или шеќер и од сусам или други намирници.


Состојки:

- 100 грама путер или маргарин;
- 100 грама брашно;
- 100 грама шеќер;
- 200 милилитри вода;
- 1 ванилин шеќер;
- ореви или кокос за декорација.


Подготовка:

Првата работа што треба да ја направите е да стопите 100 грама путер и да оставите путерот целосно да се растопи. Потоа додадете 100 грама брашно. Потребно е смесата постојано да се меша 10 минути, внимавајќи да не изгори алвата.


Во друга тава ставете 200 милилитри вода и 100 грама шеќер и додадете една кесичка ванилин шеќер. Потоа зовријте ги водата и шеќерот и додадете ги во смесата со путерот и брашното. По неколку секунди, почнете да ја мешате смесата за да не се формираат грутки.

Кога алвата ќе биде готова, оставете ја да се излади неколку минути, а потоа обликувајте ја со лажица. На крајот од парчето алва украсете со ситно сечкан орев или кокос.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг