(Видео) Ибра не сака да го задржи новиот рекорд: Сакав да го внесам голманот со топката во голот

Дерби

19/03/2023

12:24

2.218

Големина на фонт

а а а

Со 41 година и 166 дена, Златан Ибрахимовиќ стана највозрасниот стрелец на гол во историјата на Серија А, подвиг со кој го урна досегашниот рекорд на Алесандро Костакурта.

За да биде уште поинтересно, токму Костакурта како дел од студиото на „Скај“ му поставуваше прашања на Златан, кој на шега и во свој стил порача дека не го сака овој рекорд и истиот може да остане во сопственост на Алесандро.

– Може да си го задржи рекордот, не го сакам овој рекорд...

– Јас сум горд што сум дел од историјата на овој клуб. Милан има голема историја, големи играчи и тоа што моето име е дел од оваа историја ми значи многу. За жал, мојот голне донесе бодови за тимот. За жал, натпреварот не одеше онака како што посакувавме, – изјави Ибра, кој беше стрелец на единствениот гол во поразот од Удинезе од 3:1.

Ибра всушност погоди од вториот обид од белата точка, откако судијата процени дека првиот кој не го реализираше треба повторно да биде изведен.

– Сметам дека и првиот пенал беше добар, но голманот имаше фантастична одбрана. Кога добив втора шанса, мислев само едно. Помислив дека ќе го внесам и голманот во гол за да ја сместам топката во мрежата, – заврши Златан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг