Тајна состојка која му дава сочност и божествен вкус: Рецепт за бабин колач без брашно и млеко, готов за 20 минути

Точка

18/03/2023

19:03

12.338

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате галети, вафли или бабин колач, тогаш оваа здрава варијанта ќе ве воодушеви.

Во светот познати како вафли, кај нас главно ги нарекуваат галети или бабин колач, овој сочен рецепт е едно од омилените брзи решенија кога сакаме да уживаме во храната.

Станува збор за неутрално печиво, а дали ќе го јадете како здрав појадок, со шунка, сирење или како десерт со вишни, тоа зависи од вас.

Состојки:

- 250 грама тиквички;
- ½ прашок за печиво;
- 2 јајца;
- 150 милилитри јогурт;
- 1 лажица мелени, ленени семки;
- 50 грама мелени бадеми;
- ½ лажичка сол;
- кисела вода по потреба;
- ½ лажичка шеќер.


Подготовка:

1. Изрендајте ги тиквичките на ситно, па ставете ги на хартија за да се исцедат од вишокот вода.

2. Потоа со нив помешајте ги јајцата, мелените семки и бадемите, солта, шеќерот, ставете јогурт, па доколку смесата е прегуста додадете кисела вода по потреба.

3. Подмачкајте го апаратот за вафли со масло, па со црпалка ставете од смесата и печете околу седум минути.

4. Извадете ги и покриете ги со крпа додека не изладат.

5. Сервирајте ги во блага или солена варијанта.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг