Почна заедничкиот состанок Вучиќ-Курти

Макфакс

18/03/2023

17:21

2.206

Големина на фонт

а а а

Почна заедничкиот состанок меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Албин Курти и претставници на Европската унија во Охрид.

Претходно, шефот за надворешна политика на ЕУ и пратеникот на Унијата за дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак имаше оделни средби со Вучиќ и Курти.

Лидерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти во Вилата Билјана во Охрид разговараат за нормализација на односите, под покровителство на ЕУ.