Масната кожа е естетски проблем со кој се соочуваат голем број жени.
Масната кожа е резултат на зголемено лачење себум од лојните жлезди, а добрата вест е што оваа состојба може да се контролира со редовна употреба на соодветни маски.
Но, факт е дека лицата со помасна кожа подоцна добиваат брчки и последиците од стареењето се јавуваат значително подоцна отколку кај лицата со сува кожа.
Доколку спаѓате во оваа група на жени, тогаш испробајте ја оваа маска за лице.
Потребни состојки:
- сок од половина лимон
- 4 лажички зелена глина
- 1 лажица вода од рози
Начин на подготовка:
Помешајте ја глината со сокот од лимон, а потоа додајте ја и водата од рози. Нанесете ја маската на чисто лице и оставете да делува додека не се стврдне. Потоа исплакнете со млака вода.
Лимонот и глината ја матираат кожата и го регулираат лачењето на себум, а водата од рози длабински ја хидрира и освежува кожата.
Маската можете да ја користите еднаш до 2 пати неделно, во зависност од вашите потреби.