Канадскиот психолог Џордан Питерсон се вбројува меѓу 35 најголеми светски експерти на тоа поле. Три работи ги смета за посебно важни во воспитувањето. Вели дека не детето родителите му се најпотребни и дека нивната улога е најважна до 4-та година од животот, заеднички оброци и учење на деца на одговорност.
Истакнува правило кое го смета за клучно за воспитување на одговорни деца. Го изнел во видеоинтервју објавено на „Youtube“, а ние ви го пренесуваме во продолжение.
„Постои правило за работа со постари лица во старечки домови. Тоа гласи: „Не правете ништо за постарите што тие можат да направат сами“. Звучи грубо, но не е. Помогнете им да ја задржат својата независност и сила.
Исто е и со мали деца. Малите деца треба да прават сè што можат, а што е продуктивно и корисно. Ако имате двегодишно дете кое оди, можете да го натерате да ја постави масата. Некогаш децата го правеле тоа. И навистина е смешно за гледање бидејќи масата е половина метар над нивните глави.
На двегодишно дете дајте му нож, но не остар, и кажете му: „Стави го ова на маса“. Нема да може да го стави точно покрај чинијата бидејќи не ја ни гледа, но ќе биде среќно бидејќи тоа му помага да се развива и да оди напред. Всушност, ако сте внимателни со деца и ги приспособите своите очекувања со нивниот развој, тоа се нарекува зона на проксимален развој. Децата навистина имаат моќен инстинкт, и ако внимателно го следите детето, можете да забележите кога е подготвено за следната задача.
Ако им дозволите на децата да бидат корисни и ги охрабрувате да прават различни работи, тие нема да имаат проблем со егзистенцијата и ќе сфатат дека се корисни членови на заедницата, дури и ако во тој момент станува збор само за вашето семејство“, вели Питерсон.