Аналитичарите: Пеколната машина на Путин во полн замав – кобниот план за Молдавија има три фази, а првата е веќе почната

Макфакс

17/03/2023

21:04

74.337

Големина на фонт

а а а

Пред неколку дена, на конференција во Белата куќа, Џон Кирби, портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност, го шокираше светот со сознанието дека Русија планира да „анектира“ уште една европска земја – Молдавија.

Само неколку дена подоцна, во јавноста протече планот за уништување, кој се состои од три клучни фази и вклучува поткопување на политичкиот, одбранбениот и економскиот сектор. Иако на многумина им беше тешко да поверуваат, се чини дека неговата имплементација веќе е започната. Имено, Москва одлучи „Гаспром“ повеќе да не испорачува руски гас за Молдавија, пишуваат медиумите во регионот.

Оваа вест ја потврди и молдавскиот министер за енергетика Виктор Парлицов.

„Нема да трпиме уцени од „Гаспром“ поради потешкотии во плаќањето на испораките“, рече Парлицов.

Како што наведе тој, од декември „Гаспром“ го снабдува само сепаратистичкиот регион Придњестровје во Молдавија, кој е поддржан од Русија, додека централните власти во Кишињев не добиваат ништо.


„Приднестровје не плаќаше гас порано, а не плаќа ниту сега. „Гаспром“ го дозволуваше тоа 30 години за да го спречи неговото уништување“, рече министерот и додаде дека руската страна очигледно не разбира дека со суспендирањето на гасот за Молдавија директно го загрозува опстанокот на регионот што го поддржува.

Оваа одлука на руската страна многу аналитичари ја толкуваат како почеток на спроведувањето на овој план. Тој се фокусира на три основни точки – политичкиот, воениот и одбранбениот сектор, хуманитарниот сектор и трговскиот и економскиот сектор.

Потекнува од истата претседателска администрација за прекугранична соработка, која разви слична стратегија за анексијата на Белорусија.

Група различни експерти внимателно работеа на стратегијата за Молдавија, како и за Белорусија. Тој според написите е создаден во есента 2021 година, со помош на рускиот Генералштаб на вооружените сили и главните московски разузнавачки служби: ФСБ, СВР и ГРУ.

Како што се вели во него, таа е насочена кон „спротивставување на обидите на надворешните актери да се мешаат во внатрешните работи на Молдавија, со цел да се зајакне влијанието на НАТО и да се ослабат позициите на Руската Федерација“.

Молдавскиот премиер Дорин Речан потврди дека содржината на планот на Кремљ го одразува она што тој и многумина во неговата влада го знаат долго време, пишува во новинарските извештаи.

„Русите долго време се обидуваат да обезбедат Молдавија да го изгуби суверенитетот над својата надворешна политика. Овој документ го потврдува тоа. Гледаме дека не третираат како сателит над кој лесно можат да вршат контрола“, рече Речан.


Како што рече, со години не обрнувале внимание на пропагандата и руските ТВ канали кои „секогаш биле присутни“.

„Кога почнавме да ги затвораме, пропагандата се префрли на „Telegram“, „Facebook“, „VKontakte“ и „TikTok“. Со „Telegram“ и „TikTok“ не можеме да направиме ништо друго освен да го „пресечеме кабелот“. „Триесет и нешто години пропаганда – сега го гледаме ефектот“, рече Речан.

Дејвид Крамер, поранешен функционер на Стејт департментот, нагласува дека иако едвај ја признава Молдавија како посебна држава, документот ја третира Молдавија како податлив сателит кој може да се контролира и има ефект на целосно блокирање на западното влијание.

Кога станува збор за поткопување на политичкиот сектор, тоа во февруари го посочи претседателката на Молдавија, Маја Санду, која ја обвини Москва дека планира да ја собори нејзината влада.

„Планот вклучуваше саботажа и воено обучени луѓе маскирани како цивили за да вршат насилни акции, да напаѓаат владини згради и да земаат заложници“, рече Санду.



Спонзорирани линкови

Маркетинг