Посна песок торта: Рецепт за десерт кој ќе го подготвите за половина час, а на кој нема да може да му одолеете

Точка

17/03/2023

15:11

12.739

Големина на фонт

а а а

Доколку сте љубители на брзите торти кои не се печат, а покрај тоа постите, рецептот за популарната песок торта во посна варијанта ќе ви биде еден од омилените.

За подготовка на овој десерт нема да ви биде потребно повеќе од половина час. За да ја забрзате постапката, пудингот може да го сварите навечер и да го оставите да се излади во текот на вечерта, така што наутро ќе заштедите малку време.

Состојки:

- 1 литар вода;
- 4 ќесички пудинг од ванила;
- 250 грама шеќер;
- 200 грама шеќер во прав;
- 500 грама растителен маргарин;
- 300 грама мелени, посни бисквити;
- 200 грама мелени ореви;
- 150 грама кокос;
- 150 грама посно чоколадо за готвење;
- 2 лажици масло за јадење.


Подготовка:

Ставете ја водата во тенџере, додадете 250 грама шеќер и варете додека водата не зоврие, па потоа ставете ги ќесичките пудинг и варете додека не згусне.

Оставете го пудингот да се излади, додадете му шеќер во прав и маргарин и сè добро соединете, па смесата поделете ја на три дела.

Во еден дел додадете кокос, во друг мелени бисквити, а во третиот мелени ореви.

По тој редослед распоредете ги смесите во чинија за торта, па прелијте со стопено чоколадо.

Оставете да отстои тортата неколку часа, па послужете.


На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг