Поранешниот агент на ФБИ, Џорџ Пиро, кој го испрашувал поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин, рекол дека во првите 30 секунди од нивниот разговор во текот на испрашувањето Садам знаел две работи за него.
„Кога прв пат го сретнав Садам, во првите 30 секунди знаеше две работи за мене. Му кажав дека се викам Џорџ Пиро и дека јас сум задолжен за испрашувањето, а тој веднаш кажа: „Вие сте Либанец“. Му кажав дека моите родители се Либанци, а тој додаде – „Ти си христијанин"“.
„Го прашав дали му е тоа проблем, ми кажа апсолутно не, бидејќи го сака либанскиот народ. Помислив „одлично“, добро ќе се согласуваме“, рекол Пиро за „CNN“.
Пиро го испрашувал Садам седум месеци откако американските сили го уапсиле на 13-ти декември додека се криел во северен Ирак, а се откако американската војска извршила инвазија на земјата во март 2003-та година, тврдејќи дека Багдад има оружје за масовно уништување и дека соработува со Ал Каеда.
„Садам ми кажа дека не го сака Осама бин Ладен и дека не верува во идеологијата на Ал Каеда, бидејќи сакала да создаде исламска држава во целиот арапски свет. Немаше намера да ја предаде власта и да се потпре на нешто друго. Знаеше да се пошегува и на сметка на Бин Ладен, велејќи – не можете да баш да верувате на личност со таква брада“, додал Пиро, кој пишува книга за разговорите со Садам Хусеин.
Рекол дека добил одобрение од Федералното истражно биро да напише книга, а неговата цел е на читателите од прва рака да им пружи впечаток за тоа како било да се седи во соба за испрашување со Хусеин, за предизвиците и шаховската партија која ја играле.