Испливаа првите фотографии од бајковитата венчавка на јорданската принцеза Иман

Точка

14/03/2023

21:10

5.605

Големина на фонт

а а а

Објавени се првите фотографии од гламурозната свадбена церемонија на јорданската принцеза Иман, која траела само 15 минути и се одржала во резиденцијата на кралот Абдула и Ранија, во палатата Беит Ал Урдун.

Принцезата Иман од Јордан се омажила за својот вереник, бизнисменот со грчко потекло - Џамеел Термиотис, на кралска церемонија одржана во Аман.


Принцезата Иман е најстарата ќерка на кралот Абдула и кралицата Ранија, а прва се омажи - нејзиниот брат Хусеин и престолонаследникот, се вери со Раџва Ал Саиф од Саудиска Арабија, а нивната венчавка е закажана за 1 јуни, 2023 година.

Венчавката директно била пренесувана на државната телевизија, а сега се објавени и фотографии од гламурозната церемонија. За време на официјалното потпишување на документите, познато како катб елктаб, принцезата седела меѓу нејзиниот татко, кралот Абдула, и нејзиниот сопруг, Џамеел Термиотис, додека тие ги потпишувале документите.


Според неколку медиуми, двојката одела под копја кои ги носела Кралската почесна гарда и со арапски меч ја пресекла својата торта на шест нивоа.

Присуствувале неколку истакнати гости, меѓу кои и шеикот Калед бин Мохамед, член на Извршниот совет на Абу Даби и претседател на извршната канцеларија на Абу Даби, како и шеикот Иса, син на престолонаследникот на Бахреин Салман бин Хамад, како и други кралски семејства од Египет и Кувајт.


За нејзиниот посебен ден, младата јорданска принцеза носела бела венчаница од Диор, сошиена по мерка - долги ракави со манжетни од тантела и соодветно деколте од тантела. Својот изглед го комплетирала со дијадема и долг превез украсен со цвеќиња.