(Видео) Очекувањата наспроти реалноста: Селма Хаек по Оскарите дошла дома, го откопчала фустанот и се почестила со печено месо

Точка

14/03/2023

15:57

6.787

Големина на фонт

а а а

Една од најубавите холивудски актерки, Селма Хаек, воодушеви со своето појавување на Оскарите, но она што го направила подоцна истата вечер ги натера луѓето да ја наречат „единствената кралица“.

Имено, Селма на својот Инстаграм профил сподели видео во кое јаде парче печено месо во кујната со откопчан фустан.

„Очекувањата наспроти реалноста“, се слуша како вели нејзината ќерка додека ја снима како јаде.

Видеото насмеа многумина, а Антонио Бандерас во коментар остави три емотикони кои плачат од смеење.

„Селма нè претставува сите нас жени кога ќе се вратиме дома од забава“, „Еве зошто е единствена кралица“, „Сите сме Селма“, „Браво Селма што го покажа вистинскиот живот“, се само дел од коментарите во видеото кое собра над 600 илјади допаѓања.

Инаку, Селма на тепихот на Оскарите се појави во портокалов фустан со светки, придружувана од нејзината 15-годишна ќерка Валентина.