Дали некогаш сте размислувале за тоа каде би се наоѓала и како и изгледала најосамената точка на светот?
Денес, кога речиси сè ни е познато и речиси на секој дел од светот чекорел човекот, останува само малку место за мистерија. Па, сепак постои точка во Тихи океан која го добила името „океански пол на непристапноста“.
Станува збор за замислена точка која го добила името „Point Nemo“, а интересно е тоа што ја открил и именувал во 1992 година Хрвоје Лукатела, загрепски геодет и математичар.
Инспириран од ликот на капетан Немо од романот „20.000 милји под морето“, Хрвоје сметал дека името кое во превод значи „никој“, совршено одговара на најоддалеченото место од копното на Земјата. Научникот лично не го посетил овој дел од Земјата туку ја пресметал неговата позиција со помош на технологијата.
А, колку е само оддалечена потврдува податокот што „Point Nemo“ поблиска им е на научниците од Меѓународната вселенска станица отколку на копното.
Астронаутите така се наоѓаат на 416 километри оддалеченост, што е поблиску од копното (Антарктикот) којшто е оддалечен 2.700 километри од оваа точка.
Денес ова подрачје се смета и за „гробишта на вселенските летала“. Во Немо „погребани“ се меѓу 250 и 300 вселенски летала кои со поголем дел изгореле при влегувањето во атмосферата на Земјата. Поточно, тука вселенските агенции ги испраќаат своите летала во смрт каде ја завршуваат својата служба. Меѓу најпознатите е руската вселенска станица Мир, активна од 1986 до 2001 година.
Want to get away? Well, Point Nemo is the most remote point in the ocean, so happy travels! http://t.co/iwQI2171aH pic.twitter.com/GouBqJW2Ku
— Atlas Obscura (@atlasobscura) July 30, 2015
Единствените луѓе кои успеале да се приближат до оваа осамена точна биле учесници на Океанската трка со јахти која се одвива секоја година. Тие бестрашно пловат низ некои од најстудените и најдивите води, а идната трка закажана е за во октомври годинава.
Интересот за посета на овој дел е мал затоа што бара неверојатно многу голем труд, а не ве очекува ништо спектакуларно, само вода...