„Мобилните телефони во иднина ќе ни бидат вградени во кожата“

Точка

02/03/2023

16:34

10.203

Големина на фонт

а а а

Мобилните телефони еден ден ќе бидат уреди интегрирани во нашата кожа, а не црни правоаголни плочи на кои се навикнавме, изјави пронаоѓачот на мобилниот телефон, Мартин Купер на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, каде доби награда за животно дело.

Светската технолошка елита се собра во Барселона, а еден од гостите е и Купер, татко на првиот мобилен телефон од 1973-та година, пренесува „CNBC“.

Купер, по повод 50-годишнина од настанувањето на мобилниот телефон, изјави дека еден телефоните ќе станат уреди интегрирани под кожата и нема да мора да се полнат, бидејќи телото е совршен полнач.

Неговата визија навестува можна идна фаза во човештвото во која нашите тела ќе бидат проширени со моќни микрочипови и сензори.


Неколку компании развиваат технологии со кои сакаат да комбинираат компјутери со човечки мозок, на пример, како што се „Neuralink“ на Илон Маск. Пазарот на паметни телефони, како што е наведено, стагнира во текот на последните неколку години, а во индустријата постои проблем произведувачите да осмислат иновативни дизајни.

Купер изјавил дека паметниот телефон станал премногу сложен со бројни апликации и екран кој не одговара на човековото лице.


Тој истакнал дека приватноста станува многу сериозен проблем, како и зависност, но е оптимист кога станува збор за иднината, бидејќи смета дека најдобрите денови за технологијата допрва доаѓаат, посебно во образованието и здравствената заштита.

Мартин Купер во понеделникот доби награда за животно дело по повод одбележувањето на 50 години од првиот телефонски повик на Шестата авенија во Њујорк, користејќи „Motorolu (DynaTAC 8000Ks)“ да го повика својот пријател.




Спонзорирани линкови

Маркетинг