Една евтина намирница е најдобар извор на железо, а еве кои се симптомите кои укажуваат на недостаток на овој минерал во организмот

Точка

01/03/2023

18:31

10.957

Големина на фонт

а а а

Ниското ниво на железо во крвта значајно влијае на квалитетот на животот.

Железото има многу важна улога во многу метаболички процеси во телото, а многу е важно и за имунолошкиот одговор на организмот. Недостатокот од овој минерал често резултира со анемија, која може да биде предизвикана и од несоодветна исхрана.

Единствениот сигурен начин да провериме дали имаме недостаток на железо во организмот е преку крвна анализа, но бројни симптоми укажуваат на негов недостаток.


Проверете го нивото на железо во крвта ако ги имате следните симптоми:

- постојан умор, дури и по долго спиење и одмор
- краток здив
- бледа кожа
- вртоглавица
- кршливи нокти и сува коса
- чести настинки
- лоша концентрација
- намален апетит
- зуење во ушите
- синдром на немирни нозе

Кои намирници треба да ги консумирате ако имате ниско железо во крвта?

Во исхраната на лицата на кои им е дијагностицирана анемија треба да доминираат:

- џигер
- печурки
- сушено овошје
- зелен лиснат зеленчук
- ротквици
- темно чоколадо


Џигерот е еден од најдобрите извори на железо во исхраната – 100 гр. содржи 6,9 мг. железо (околу 35 отсто од дневните потреби за жени).

Во растителните производи има доволна количина на железо, но од некои железото полошо се апсорбира поради високата содржина на фитинска киселина во нив (како што се мешунките, леќата или спанаќот).

Морковот, компирот, цвеклото, тиквата, брокулата, доматот, карфиолот и зелката се одлични помагачи за зголемување на хемоглобинот. Овие производи содржат јаболкова, лимонска или аскорбинска киселина кои придонесуваат за подобра апсорпција на железото од намирниците.

Кафето, чајот, млекото и млечните производи, како и големата количина на влакна во исхраната ја намалуваат апсорпцијата на овој минерал. До намалување на хемоглобинот во крвта може да дојде не само поради недостаток на железо туку и поради недостаток на витамини како што се витамините од групата Б, како и други фактори.