Членовите на бендот „Undone“ се простија од нивниот пријател кој почина по пад од зграда во Центар, неговата девојка е во критична состојба

Точка

14/02/2023

10:04

14.086

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека на 12 февруари, во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М. (47) и К.Г. (39), двајцата од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

Станува збор за љубовен пар - девојката е вокалистка на познат скопски бенд, а момчето кое трагично го загуби животот беше дел од бендот „Undone“.

Неговите пријатели се простија од него на официјалната страна на групата на Фејсбук.

RIP Filip the most gorgeous person, one of the pillars of Undone, who has been with us since before we started Undone...

Posted by Undone on Monday, February 13, 2023

„Почивај во мир Филип, најпрекрасната личност, еден од столбовите на „Undone“, кој беше со нас пред да започнеме со „Undone“, деновиве работеше на ново видео за „The War On Love“ од нашето ново EP во кое се заљуби. Правејќи музика заедно, многу неверојатни анимации и видеа што ги направи на толку многу песни, омоти што ги дизајнираше за албуми. Филип замина во трагедија која не е разбирлива и никогаш нема да биде. Вистински херој“, напишаа тие.



Спонзорирани линкови

Маркетинг