Интервју со Рафаела Ортнер: Вистинската ESG стратегија не е што прави компанијата со парите кои ги создава, туку како компанијата ги создава парите

Точка

09/02/2023

12:48

144.275

Големина на фонт

а а а

Американската Стопанска Комора во Северна Македонија (АмЧам), беше домаќин на конференција посветена на важноста на “ESG” критериумите (животна средина, општествени прашања и управување), истакнувајќи го нивното влијание во долгорочната одржливост на бизнисите. Конференцијата под мотото “Embracing ESG”, во организација на ја пренесе пораката дека ESG концептот се наметнува како суштински во креирањето на дополнителна вредност и развој на бизнисот, пристапот до свеж капитал и добрата репутацијата, но истовремено претставува и неопходност во управувањето со ризиците и држењето чекор со новите деловни трендови и регулативи.

Свое обраќање имаше и Рафаела Ортнер, од А1 Телеком Австрија Групацијата вочиј состав функционира и локалната А1 Македонија. Таа ја истакна важноста од ESG за компаниите, инвеститорите и вработените, но и колку е важно компаниите да се стремат кон целосно интегрирање на сите делови од стратегијата во работењето на компанијата.

Која е Рафаела Ортнер?

Врз основа на моето работно искуство во минатото ги спојувам бизнис погледот и погледот на одржливост. За жал, одржливоста и бизнисот често се дискутираат како контрадикторност или спротивен став. Сепак, вистината е дека одржливоста е основа за правење бизнис на среден и долг рок. Ова е мое убедување, според кое се водам.

Како го дефинирате ESG и зошто тоа е важно за компаниите?

ESG е структуриран концепт на одржливост, кој обрнува јасно внимание на сите димензии на одржливост, што често се нарекува еколошка одржливост. Сепак, постои и социјална димензија и димензија на управување што дава транспарентност за тоа како се управуваат компаниите во однос на усогласеноста, човековите права, различноста итн. Затоа е важно за компаниите, бидејќи ESG е сеопфатен став за сите нефинансиски KPI и помага во управувањето и мерењето на различни теми, вклучувајќи го и синџирот на снабдување, родовиот јаз во платите, енергетската ефикасност.


Дали ESG е само популарен збор или реалност?

Терминот „ESG“ е популарен збор во моментот, меѓутоа, дискусијата за одржливост постои многу децении. Дури се враќа во 19 век. Тие дискусии тогаш не беа сфатени сериозно, бидејќи врската помеѓу бизнисот и одржливоста не беше јасна. Сега ова е многу јасно, секојдневно го гледаме и чувствуваме, пораст на температурите, топлотни бранови, суши, поплави. Секој може да раскаже приказна за она што веќе го доживеал. Да дадам актуелен пример, ние сме среде скијачка сезона. Гледаме и чувствуваме колку малку снег остана поради порастот на температурите.

Како ESG обезбедува вредност за компанијата?

Бидејќи е збирка од сите нефинансиски KPI-и на една компанија, ги мери перформансите на компанијата во различни димензии. На пример, веќе има многу студии за тоа како различноста ги подобрува финансиските перформанси, како оваа статија на Бизнис преглед на Харвард (Harvard Business Review). Ова важи и за други KPI како намалување на CO2 или енергетска ефикасност. Одржливоста претставува мудро користење на вашите ресурси и тоа автоматски се претвора во намалување на трошоците и оперативна ефикасност.

Ние знаеме за програмата А1 Македонија, но дали има разлика со А1 Телеком Австрија Групацијата и кои се столбовите на програмата?

Разликите се во приоритетите на спроведувањето и во она што е релевантно на ниво на земја. Се разбира, на групно ниво, се здружуваме помеѓу 7 различни пазари, така што можеме да дојдеме само до компромис. Главните столбови се „зајакнување на одржлива иднина“ - што е нашето „Е“, „зајакнување на нашите заедници и вработени“ - што е нашето „S“ и зајакнување на фер, дигитален живот“ - што е нашето „G“. Во Македонија, моменталниот фокус на ESG е многу силен врз едукација на младите за дигитални вештини и безбедно користење на интернет, достигнување на нето неутралност на јаглерод диоксид преку намалување на емисија на штетни гасови и постепено префрлување на енергија од обновливи извори како и зголемување на женскиот удел на раководни позиции со што се стремиме за обезбедување родва еднаквост и диверзитет. Вистински предизвик е со два збора да се објасни сè што ние правиме, така што можам само да ги охрабрам сите да поминат малку време на нашата веб-страница на Групната ESG каде што овозможуваме преглед на сè што се случува: ESG - A1 ESG.


Кои се најважните теми во програмата А1 ESG?

Во моментов најмногу разговараме за намалување на CO2 заедно со енергетската ефикасност, што сигурно е поттикнато од општите макроекономски движења. Освен тоа, ние подлабоко ја истражуваме темата за различноста каде ја оценуваме темата за родовиот јаз во платите. На крај, внесуваме транспарентност во нашиот синџир на снабдување, не само преку напорите за декарбонизација, туку и со разгледување на човековите права, како и употребата на конфликтни минерали. Меѓутоа, бидејќи штотуку ја развивме нашата нова стратегија, овие теми се сосема нови за нас и ние сме само на почетокот на ова патување.

Кои се предизвиците што треба да се решат?

Најголемиот предизвик е луѓето да имаат разбирање за релевантноста и значењето на одржливоста. На тој начин, можам само да ги охрабрам сите да поминат малку време во читање, слушање и разговарање за тоа. Конференцијата AmCham е многу добра можност за тоа и затоа сакам да ја поддржам!

Која е вашата лична порака поврзана со ESG?

Ова можеме да го направиме само заедно, сечија одговорност е да даде свој придонес и голем број мали придонеси сочинуваат еден голем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг