(Видео) Солзите на Сириецот посилни од сите зборови, загубил 12 члена на семејството

Макфакс

08/02/2023

10:49

2.011

Големина на фонт

а а а

По разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија во понеделникот, спасувачите се обидуваат да извлечат што е можно повеќе преживеани од урнатините, но како што минува времето, меѓудругото, екстремниот студ претставува смртна закана за заробените луѓе кои го чекаат нивното спасување, додека целиот свет е сведок на страшни и шокантни сцени.

Во турските и сириските градови се слушаат извици од болка, додека спасувачите се надеваат дека секој следен човек што ќе го извлечат ќе биде жив. Со оглед на тоа дека времето оди понатаму, за жал шансите за тоа се намалуваат.

Целиот свет остана без зборови по страшните земјотреси кои според последните проценки однесоа речиси 8.000 животи во Турција и Сирија, а постојано се појавуваат видео снимки од спасување, како и луѓе кои изгубиле најблиски, па дури и цели семејства во катастрофата.

Иако не секој го разбира јазикот што го зборува, низ солзи секој може да разбере за каква болка зборува.

Вака е објавено видео од Сириец, кој во страшен земјотрес загуби 12 членови на семејството. Никој не останал рамнодушен на солзите на овој човек, како и на сите останати шокантни сцени по катастрофата.

„Ова не скрши, ни го скрши грбот“, едвај успеа да каже овој човек со болка за загинатите членови на неговото семејство.

Следеа многубројни коментари за поддршка од корисниците, изразувајќи го својот шок и тага во коментарите.

Објавена е и снимка од момче од Сирија кое е заглавено во урнатините во Турција, а на кое му даваат вода.



Спонзорирани линкови

Маркетинг