(Фото) Татко ја држи за рака својата почината ќерка затрупана под урнатините: И камен би заплакал на овие сцени од Турција

Точка

07/02/2023

16:10

2.750

Големина на фонт

а а а

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси кои вчера ги погоди Турција и северозападна Сирија се зголеми на повеќе од 5.100 лица, а десетици илјади се повредени.

Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над глава, бидејќи цели станбени блокови беа срамнети со земја.


Спасувачите водат трка со времето. Бројот на загинати расте со голема брзина. СЗО денеска процени дека бројот на мртви може да се искачи на 20.000.

Покрај последователните потреси, спасувачите се борат и со студот. Луѓето се заробени под урнатините каде што се изложени на ризик од смрт од студ, глад или повреда.


Една од најшокантните фотографии доаѓа од градот Кахраманмарасу, кој беше уништен од земјотресот. Месут Ханчер ја држи за рака својата петнаесетгодишна ќерка, која лежи мртва на кревет, затрупана во урнатините.




Спонзорирани линкови

Маркетинг