Уапсените бугарски државјани добија парична казна од по 300 евра и 3 години забрана за влез – меѓу нив и еден пратеник

Точка

04/02/2023

22:40

5.823

Големина на фонт

а а а

Тројцата приведени граѓани заради агресивно однесување со македонските полицајци и цариникот на граничниот премин Деве Баир, неофицијално, истражниот судија во Крива Паланка ги казнил со глоба од по 300 евра и забрана за влез во Македонија во наредните 6 месеци.

Меѓу приведениот е и пратеникот на „Вазраждане“ Ангел Георгиев.

Како што соопшти МВР, околу 12:45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на бугарските државјани Г.З (35), А.Х (50)и Р.Х (54) кои вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале.

Потоа, се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.