(Видео) Тензично на граничниот премин „Деве Баир“: Бугарски државјани влегоа во вербална расправија со полицијата - ниту носиме бомби, ниту сме Авганистанци

Точка

04/02/2023

11:25

6.932

Големина на фонт

а а а

Бугарски државјани денеска се обидуваат да влезат во Македонија преку граничниот премин „Деве Баир“, а истите реагирале со недолично однесување на запирањето од страна на мекедонската гранична полиција која ги упатила да чекаат во нивните возила.

Македонската полиција ги упатуваше бугарските државјани кои чекале да влезат во Македонија, да чекаат во колона, a како што официјално соопшти МВР, компјутерскиот систем на граничните премини е паднат и засега е отежнат влезот во Македонија. Се пропуштаат само итни случаи.

„Канал 5“ објави и видео на кое се гледа како групата бугарски државјани е запрена на граничниот премин и е револтирана поради тоа што не ги пуштаат да влезат во Македонија, па поради тоа влегува во вербална расправија со полицијата.

Бугарите не дозволуваат да им биде извршена контрола на возилата. Тие со недолични зборови се караат со македонските полицајци на „Деве Баир“.

Тие бараат од македонската полиција да не создава проблеми, а во видеото се слуша како еден од полицајците им вели: „Полека, ќе влезете, никој нема да создава проблеми“. 

„Ниту носиме бомби ниту сме Авганистанци, нема да влеземе во нашите возила...“, вели еден од бугарските граѓани.

Погледнете го видеото:

Posted by Виктор Стоянов on Saturday, February 4, 2023