(Видео) Падна системот на Деве Баир, дел од Бугарите не можат да влезат во земјава

Макфакс

04/02/2023

10:43

1.971

Големина на фонт

а а а

Близу два часа не е функција системот на граничниот премин меѓу Македонија и Бугарија, Деве Баир и има застој за влез во земјава.

Дел од бугарските граѓани тргнати да оддадат почит на великанот Гоце Делчев стојат заглавени во колона на граничниот премин.

Бугарските здруженија најавија дека околу 150 граѓани со автомобили ќе дојдат да оддадат почит.

Чествувањето по повод 151 година од раѓањето на Гоце Делчев утрово почна без официјаните бугарски делегации. Тие, според најавите, се очеува да пристигнат подоцна во текот на денот. Официјалната делегација ќе ја предводи министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев и неговиот заменик Венцислав Катинов.

Македонскиот државен врв се поклони на гробот на Гоце Делчев, а на пат кон црквата е лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски со голема делегација.

МВР откако падна системот на Деве Баир: Селективно се пропуштаат итните случаи

Само итни случаи последниве два часа ја минуваат македонско – бугарската граница, откако падна системот на нашиот граничен премин.

Веќе е формирана долга колона возила кои од Бугарија чекаат за влез во Македонија пред полицискиот пункт на нашата граница.

„Системот на граничните премини не е во функција, но екипи работат на негово оспособување. Селективно се пропуштаат само итни случаи“, соопшти МВР.

Заглавени на граничниот премин се и дел од граѓаните од Бугарија тргнати на чествувањето по повод 151 – година од раѓањето на Гоце Делчев.

Бугарските здруженија најавија дека околу 150 граѓани со автомобили ќе дојдат да се поклонат на гробот на Гоце Делчев, а се уште не е пристигната ниту официјалната бугарска делегација предводена од министерот за внатрепни работи.

Тие на гробот на великанот во црквата Св. Спас ќе стигнат со дополнително полициско обезбедување.