Пекинг го прекина молкот: Кина се огласи за мистериозниот балон кој лета над САД

Точка

03/02/2023

17:12

4.459

Големина на фонт

а а а

Од Пекинг пристигна првата реакција по повод наводите дека кинески шпионски балон е забележан над САД. Во соопштението се наведува дека всушност станува збор за „цивилен балон“ кој излегол од планираната рута.

Имено, кинеското министерство за надворешни работи соопштило дека балонот се користи во главно во метеоролошки цели.

Кина, како што се додава, жали поради ненамерното влегување на балонот во воздушниот простор на САД.

Потсетуваме, Пентагон вчера објави дека кинески балон за надзор веќе со денови лета над САД, а посебно се задржува над Монтана, каде се наоѓа воздухопловната база Малсмстром.


Пентагон соопшти дека високите американски службеници го советувале претседателот на САД Џо Бајден да не се соборува балонот поради страв дека негови делови би можеле да претставуваат безбедносна закана.




Спонзорирани линкови

Маркетинг