(Фото/Видео) Ова е еден од најопасните патишта во светот на кој еден погрешен потег може да ве чини – живот

Точка

03/02/2023

11:15

6.582

Големина на фонт

а а а

„D915“ е 179 километри долг автопат во Турција којшто се смета и за еден од најтешките за возење во цел свет.

Поточно, најпредизвикувачки е неговиот северен дел којшто се протега на 107 километри меѓу Офа на крајбрежјето на Црното море и Бајбурт. Тоа не го чуди никого којшто добро ја погледнат таа делница „испресечена“ со многу остри завои.

Улицата главно е неасфалтирана и покриена со чакал, а нема ниту никаква ограда или било каква друга бариера која би спречила автомобилите да се превртат во случај на несреќа.

На некои делови патот драматично се стеснува, стрмен е и не овозможува доволно место за движење. Доколку не стигнете да закочите, доколку ви се заврти во главата и направите еден погрешен потег – многу лесно може да завршите во провалија.

И, како сето тоа да не е доволно, лошото време таму е честа појава – магла, дожд и снег, создаваат големи проблеми за возачите на автопатот. Подгответе се на намалена видливост, лизгавост и каллив терен, но и можни одрони.


Од ноември секоја година некои делови од патот кои се издигнуваат над 2000 метри надморска височина се затвораат поради зголемената опасност од снежни лавини кои исто така можат да имаат опасни последици.

Единствено што може да ве спаси на тој пат е добрите возачки вештини, па затоа на почетниците не им се препорачува да го возат тој пат. Локалните жители не стравуваат од „D915“ туку секојдневно го преминуваат.