(Фото/Видео) Истражувачите изненадени од тоа што го нашле во телото на китот од 55 тони: Стомакот му бил толку голем што не можеле целосно да го истражат

Точка

03/02/2023

09:50

21.201

Големина на фонт

а а а

Телото на угинатиот кит долг 17 метри и тежок околу 55 тони, било забележано на Хаваите уште претходната седмица, но морето дури за викендот го исфрлило на плажата.

Научниците кои направиле обдукција, утврдиле дека овој цицач угинал поради тоа што изел голема количина на рибарски мамки, рибарски мрежи, пластични ќеси и друг морски отпад.

Телото на животното долго 17 метри, првпат било забележано во петокот. Плимата го донела на крајбрежјето уште во саботата, пред шест дена.


Кристи Вест, директор на Здравствената лабораторија на Универзитетот на Хаваите, изјавила дека во цревниот тракт на китот имало доволно предмети кои ја блокирале храната.

„Присуството на несварени риби и лигни дава дополнителни докази“, изјавила таа во соопштението за новинарите.

Стомакот на китот содржел шест мамки, седум видови рибарски мрежи, два вида пластични ќеси, заштитник од светлина, конец... Истражувачите исто така пронашле и коски од лигни, рибји скелет и остатоци од друг плен во стомакот на китот.

„Ова е прв познат случај во јавноста дека кит во водите на Хаваите проголтал отфрлена риболовска опрема“, изјавила Вест.

Стомакот на китот бил толку многу голем што тимот на Вест не бил во состојба целосно да го испита. Постојат сомнежи дека имало уште материјал којшто не можеле да го извадат.

Истражувачите не нашле ништо лошо во другите органи кои ги прегледале. Собрале примероци за скрининг на болести и провеле други дополнителни тестови.


Китовите патуваат илјадници милји во океаните така што не е јасно од каде се пронајдените остатоци.

Научниците велат дека секоја година на Земјата се произведуваат 35 милиони пластичен отпад, а околу една четвртина од тоа завршува во морињата и океаните.

Морскиот отпад им штети на многу видови

Морските птици можат да проголтаат дури 8 отсто од својата телесна тежина во пластика. Загрозените хавајски фоки и зелените морски желки можат да се уловат во мрежи и да угинат. Ајкулите и другите грабливци јадат помали риби кои се хранат со микропластика, што тоа може да го загрози нивното здравје.


Освен што јадат пластика, големите китови страдаат кога ќе се заплеткаат во опрема за риболов. Отпадот од пластика може да ги натера китовите да користат повеќе енергија за пливање, а помалку за хранење што ги наведува на гладување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг